Во куќа крај белгискиот град Шарлероа пронајдени околу 150 тарантули

Белгиската полиција во куќа во близина на градот Шарлероа пронајде речиси 150 пајаци тарантули од различни видови, чувани во одделни пластични садови.
Меѓу откриените тарантули имало и неколку заштитени видови, како и пајак „скитник“, кој важи за еден од најотровните пајаци во светот.
Пронајдените тарантули се пренесни во Центарот за спасување на диви животни во местото Аудсберген, а надлежните органи започнале истрага за случајот.
Претставникот на Центарот, Фредерик Толен во изјава за белгиските медиуми посочи дека откриените тарантули биле така наредени што личеле на „бизарна колекција на поштенски марки од пајаци“.
Според Толен, еден од највпечатливите примероци на пајаците бил сместен во посебна кутија во облик на ковчег.
– Внатре беше бразилскиот камп пајак, познат и како пајак „скитник“. Тоа е најотровниот вид пајак во светот. Го заклучивме одделно, заедно со неколку други опасни видови, додаде Толен.
Тој појаснува дека некои од запленетите видови тарантули се заштитени со меѓународни прописи.
– За чување на ваквите пајаци потребни се посебни дозволи и сертификати, а сопствениците ги немале, вели Толен.
Според Толен, по правило по завршувањето истрагите за вакви случаи, запленетите животни преминуваат во сопственост на Центарот.
– Ако имаме таква одлуката и во овој случај, ќе почнеме да бараме соодветни нови живеалишта за таратулите. На пример, ќе контактираме со зоолошки градини со надеж дека тие ќе можат да бидат сместени во некои од нив, додаде Толен.
МИА
Ново на Сител
-

Град Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово насилство
-

Кога да се побара стручна помош? | Стефанија Трајческа - Дефектолог | Sitel Podcast 130
-

АМСМ: Повторно е блокиран сообраќајот на ГП Евзони-Богородица
-

Гаража во Аеродром продадена за 30 илјади евра, за половина година становите во Охрид поскапеле за 27 проценти
-

Министерот Тошковски во Брисел: Македонија ја потврдува посветеноста во борбата против криумчарењето мигранти
-

Претреси во Скопје, приведени 12 лица поради „злосторничко здружување” и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје
-

Мицкоски: СДСМ ако најде еден мигрант до пролет, јас трајно ја напуштам политиката
-

Инвертер климите доминираат над природниот гас: Поефикасни, побезбедни и поисплатливи
