Во Крушево за 17 отсто повеќе посетители во десетте месеци од годинава

За 17 отсто се зголемил бројот на посетителите на Крушево за десетте месеци од годинава, во споредба со истиот период лани. Ова го констатираат од крушевската локална самоуправа каде анализирале според уплатата на туристичката такса. Освен тоа, бројот на посетителите за изминатите десет месеци е поголем од посетеноста во цела 2016 година.
Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, за новогодишните празници во Крушево се очекува над 1.000 луѓе да го посетат градот.
– Трендот на пораст продолжува и оваа година и важно е што бројот на посетителите постојано се зголемува. Во првите 10 месеци од годинава имаме за околу 2.000 посетители повеќе во споредба со цела 2016 година, односно над 16.000 посетители со најмалку едно ноќевање. Оваа бројка е уште поголема со оглед на фактот што дел од туристичката такса сѐ уште се прикрива, вели Христоски.
Општина Крушево имплементираше многу проекти од туризмот, но и голем број инвестиции во гранките поврзани со туризмот. Последната најава е дека Владата одвои 4,2 милиона денари за реконструкција на полетувалиштето за параглајдери на Мечкин камен и за изградба на објект за следење на натпреварите.
За пречекот на Новата година на плоштадот „Никола Мартиноски“ и за веселата новогодишна атмосфера ќе се погрижат пејачката Викторија Лоба и повеќе ди-џеи и се очекуваат голем број посетители.
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
