Македонија
1. September 2016 - 14:34

Во Крива Паланка запишани 202 првачиња

Двесте и две првачиња се запишани во основните училишта во Крива Паланка. Во ООУ „Јаоким Крчовски“ запишани се 101 ученик, од кои 93 во матичното училиште, а другите осум ќе посетуваат настава во подрачните училишта. Во централниот објект на ООУ „Илинден“ настава ќе посетуваат 69 првачиња, останатите 32 ќе учат во подрачните училишта на „Илинден“ и тоа 22 во село Конопница и 10 во село Мождивњак.

На свечениот прием на првчињата им беше поделен училишен прибор, а учениците од  постарите генерации приредија кратка приредба,

Според директорот на основното училишите „Јоаким Осоговски“ Драган Ристовски, во тоа училиште е зголемен бројот на запишани првачиња.
 
- На првачињата им посакувам успешен почеток во образованието. Извршени се дезинфекција, дезинсекција, дератизација, реконструкции, при што сме подоготвени да ги примиме сите ученици. Оваа година за разлика од претходната, зголемен е бројот на запишани првачиња за 23 ученика“, изјави Драган Ристовски, директор на ООУ „Јоаким Крчовски“.
 
Директорот на ОООУ „Илинден“ Оливер Дејановски, пак, рече дека првачињата ги имаат соодветните услови за нов почеток. - Ги имаат сите услови за учење и функционирање на  воспитно – образовниот процес. По новата програма по Кембриџ, учениците имаат повеќе активности при што ќе се стекнат со многу знаења, изјави Дејановски.
 
- Се надевам дека оваа генрација ќе  биде успешна, како и сите други генарации во Крива Паланка. Сакам да им  посакам успех, радост во текот на   образованието. Во името на општина Крива Паланка,  им посакавам се најубаво, ние како општина ќе се грижиме за нив, а наставниците ќе ве подучуваат за да бидете совесни граѓани, рече Арсенчо Алексовски, градоначалник на општина Крива Паланка.