Во Крива Паланка промовиран романот „Нејзиното враќање“
Во градската библиотека „Кочо Рацин“ при НУ Центар за култура Крива Паланка денеска беше промовирана книгата „Нејзиното враќање“.
Станува збор за првото романеско остварување на 16-годишната Паланчанка, Андријана Алексовска.
- Делото е приказна за животот, љубовта и другарството, но и одмаздата, рече рецензентот и промотор на романот, Кристина Илиевска.
„Нејзиното враќање“ е приказна за девојката со две имиња, но со една голема љубов.
-Приказната е напишана на 115 страни и низ секоја страна опстојуваат темелите на една силна љубов, но и на верувањето на главниот лик дека судбината не постои, односно ние самите го создаваме нашиот живот, рече Алексовска.
Упати благодарност за поддршката за излегување од печат на делото до сите кои помогнале, меѓу нив и крвопаланечкиот градоначалник, Арсенчо Алексовски. Романот е во издаваштво на Здружението на љубители на литература, култура и наука „Св.Висарион“, Демир Хисар.