-->
-->
Во Крива Паланка промотивен настан за адаптација на земјоделството кон климатските промени
-->
Земјоделците, земјоделските здруженија и граѓаните на Крива Паланка денеска на промотивен настан во организација на Центарот за Еколошка Демократија Флорозон од Скопје се информираа за влијанието и последиците од климатските промени.
Присутните се информираа за начините на остварување оптимално земјоделско производство и покрај негативните климатски промени преку бесплатните промотивни материјали.
- Имаме цел да ја запознаеме пошироката јавност, пред се земјоделската заедница за негативните ефекти и последиците од климатските промени врз земјоделството. Денешнито настан е дел од караванот на националната кампања за адптација на земјоделството кон климатските промени во земјава, информира Кирил Ристовски, претседател na Флорзон.
Кампањата ја реализираат Центарот за Еколошка Демократија Флорозон од Скопје во соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството на РМ како важни чинители во процесот на размена на информации помеѓу стручната и научната јавност и земјоделците.
- Покрај информативна, кампањата има и советодавна улога. Kaрванот продолжува во руралните средини во Кривопаланечко каде живее најголемиот дел од земјоделците. ќе оствариме непсреден контакт со нив со цел да го оцениме нивниот степен на познавање на климатските промени и земјоделство и ќе им укажеме на потенцијалните можности за адаптација на нивното производство кон климатските промени, додаде Ристовски.
Оваа кампања е де од проектот: „Локална акција за глобална климатска адаптација“, финансиски поддржан од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.
Ист ваков промотивен настан ќе се одржи во Куманово на 3-ти октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ
-
Министерство за здравство: Ќе се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе
-
Спасувачите трагаат по исчезнати по поплавите и свлечиштата во Јабланица