Во Крива Паланка приведено лице поради нудење поткуп

Во Крива Паланка утрово е приведен скопјанец поради понуда на поткуп на полициски службеници.
Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи, лицето било приведено откако поради утврден прекршок се обидело да даде поткуп на службениците.
-Приведено е лице поради нудење поткуп. Денеска во 7:30 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода А.М. од Скопје. При сообраќајна контрола на неговото возило и утврден прекршок, А.М.се обидел да даде поткуп на полициските службеници за да не му биде изречена санкција. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од СВР Куманово.
Инаку, во текот на вчерашниот ден полицијата привела 43-годишник од Кратово поради физички напад на негов роднина, а истиот ден забележана е и физичка пресметка меѓу двајца жители на Кратово.
-На 10 февруари 2024 полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода 43-годишниот Н.М. од Кратово, затоа што со метален предмет го нападнал неговиот роднина Н.М. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Истиот ден, во 15:30 часот во ОВР Кратово било пријавено дека на улицата „Јосиф Даскалов“ во Кратово бил нарушен јавниот ред мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Т.А.(41) и С.М. (45), двајцата од Кратово. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштија од СВР Куманово.
Ново на Сител
-

Излезноста во Брвеница до 13 часот 27,81%, повисока за 7,31 процентни поени од првиот круг
-

Одбележана втората годишнина од смртоносниот пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад
-

Навивачи на „Фемили“ нападнале група навивачи на „Работнички“, тешко повреден малолетник
-

Излезноста во Брвеница до 11 часот изнесува 13,82% – зголемена во однос на првиот круг
-

Скопјанец приведен по пријава дека ѝ се заканувал на сопругата, таа пријавила и долгогодишно малтретирање
-

Девојка пријавила дека била нападната од другарка додека се возеле во такси
-

Малолетници затекнати пијани во локал во Карпош, едно лице пренесено на Токсикологија
-

Уапсени двајца гостиварци за трговија со дрога, при претрес пронајдени шест пакувања кокаин
