Македонија
30. July 2015 - 14:07

Во Крива Паланка има доволно вода за пиење

Одговорните од јавното претпријатие „Комуанлец“ од Крива Паланка информираат дека не се очекуваат никакви проблеми со водоснабдувањето во градското подрачје и приградските населби, а вкупната издашност на изворите кои ја снабдуваат градската водоводна мрежа изнесува 60 литри вода во секунда.
 
- Моментно издашноста на изворите се уште е многу добра и изнесува 60 литри  во секунда, така што недостиг на вода нема да има бидејќи потребите на граѓаните кои  ги опслужува ЈП Комуналец се 50 до 55 литри во секунда. Педесет литри во секунда е издашноста на градскиот водовод Калин Камен, додека 10 литри во секунда се останатите изворишни бунари, информира Томе Тодоровски, директор на ЈП Комуналец, Крива Паланка.
 
Тодоровски потенцира дека во попладневните и вечерните часови потрошувачката на вода драстично се зголемува поради што се јавува недостиг од вода за пиење  во одредени домаќинства.
 
- ЈП Комуналец има поставено мерачи кои секојденвно ја мерат потрошувачката на вода и истите покажуваат дека во вечерните часови таа достигнува и до 80 литри во секунда, а понекогаш поминува и над 80. Поради тоа во овој период се појавува недостиг на вода во одредени домаќинства, а тоа се должи на преголемата потрошувачка на вода од водоводниот систем за наводнување. Искористеност ана водата во ноќните часови пак опаѓа на 35 до 40 литри во секунда. Поради тоа апелираме граѓаните да ја користат разумно водата за пиење и да ја употребуваат исклучиво наменски, додава Тодоровски.
 
Раководителот на секторот водовод и канализациај при ЈП Комуналец информира дека освен изворите кои се користат за водоснабдување на кривопаланчани, Комуналец има изградено и пет бунари.
 
- Петте бунари кои ги изградивме се користат во случај кога ќе се намали издашноста на изворите, а потрошувачката ќе остане иста, а бунарите ќе послужат за дополнување на потребните количини вода. Ова е втора фаза на функционирање на водоснабдителниот систем, додека во третата фаза, доколку има потреба ќе биде вклучена филтер станицата која се снабдува со вода од Станачка река, рече Јовановски.
 
Тој нагласи дека во догледно време не се очекуваат рестикции во водоснабдувањето, но апелот за разумна потрошувачка на водата останува. 
 
Директорот на Комуналец рече дека изворската вода во Крива Паланка е меѓу најквалитетните во Македонија.
 
- Показател и доказ за високиот квалитет на водата која ја пијат Кривопаланчани се резултатите од секојдневните анализи на земените мостри кои се испитуваат ва Институтот за јавно здрвје на РМ во Скопје и ЈЗУ Куманово. Цената на водата во Крива Паланка изнесува 24 денари за литар кубен и е меѓу најниските во државата, изјави Тодоровски.
 
Инаку, ЈП „Комуналец“ освен градскиот водовод одржува уште 6 приградски и селски водоводи и тоа, оној кој го снабдува со вода граничниот премин Деве Баир, водоводот за село Узем и Жидилово покрај течението на Крива Река, водовод „Видња“ кој ги снабдува село Дурачка река и маневци, водовод „Мартиница“, водовод за деловодци и дел од село Конопница, „Калин камен“ за градското подрачје и „Трнци“ кој снабдува со вода дел од село Конопница и Мождивњак со 126 домаќинства, а од неодамна во владение на Комуналец е и водоводот „Конопница“ за маалите Чивл’к, Река и Карпино.