-->
-->
Во Крива Паланка доделени стипендиите за талентирани ученици
-->

Општина Крива Паланка ги објави резултатите од спроведената постапка за доделување стипендии за тековната учебна 2016/2017 година за поддршка на млади таленти.
Стипендии се доделени на учениците Ангела Николовска, Јоана Илиевска и Филип Додевски, а стипендирани се студентите Тијана Стојановска, Весна Дејановска и Тамара Мицовска, сите, жители на општина Крива Паланка.
Стипендијата е во висина од 3.000 денари месечно и ќе се исплаќа девет месеци во годината.
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студират во училиштата и факултетите во Македонија и се редовни ученици и студенти.Учениците треба да имаат континуиран одличен успех од 4,50, а студентите во претходните години на студии да имаат постигнато просечен успех над 8,50. Сите треба да имаат освоено награди за поединечно освоено прво, второ или трето место на меѓународни, државни или општински натпревари од областа на науката, техниката, културата, уметност и спортот, односно област соодветна на нивното образование.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Притвор за 65-годишен раководител на образовен центар во Штип, допирал по телото малолетни ученички
-

Савевски: Предметот за мазутот не е рефиниран
-

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината
-

Неизвесно е дали хантавирусот на крузерот мутирал
-

Силно невреме го зафати регионот: Град во Србија, хаос во Загреб и прекин на сообраќајот во БиХ
-

Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското првенство за слабовиди и слепи шахисти
-

ОЈО ГОКК ја затвори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ Неготино, нема основано сомнение за кривични дела во предметот
-

Почнува јубилејниот 70. Евросонг
