Во Косово уапсени пет лица осомничени за тероризам
Специјалното обвинителство на Косово објави вечерва дека се уапсени пет лица осмоничени за подготвување терористички напади и неовластено поседување експлозивни средства, оружје и други материјали, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Постои оправдно сомневање дека лицата ги извршиле кривичните дела „Подготвување терористички дејствија против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“ во врска со кривичното дело „Вршење терористичко дело“, како и кривичното дело „Неовластен увоз, извоз, набавка, превоз, производство, размена, посредување и продажба на оружје и експлозивни средства“, се вели во соопштението.
Во рамки на законските рокови, најави Специјалното обвинителство, ќе биде поднесено барање за одредување притвор за уапсените, за чиј идентитет не се наведени никакви податоци.
Ново на Сител
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?
-
Социјалните работници ги нема во институциите
-
Охрид со бројните цркви е привлечен за туристите