-->
-->
Во Косово 14 починати и 639 новозаболени од Ковид-19
-->
Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 989 од појавата на болеста, откако изминатото деноноќие починаа 14 пациенти заразени од новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, изминатите 24 часа се регистрирани 639 новозаболени, со што бројката на лица кај кои е откриен вирусот се искачи на 38.431. Од нив, вклучително вчерашните 480 излекувани, болеста досега ја совладале 23.754 лица.
Официјално, согласно последните податоци, во земјата моментно има 13.668 носители на заразата.
Вчера се извршени 1.565, а вкупно досега 141.264 тестирања со методот РТ-ПЦР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро