Во Колумбија спречен напад на кубански џихадист врз американски дипломати
Колумбиската полиција уапси Кубанец под сомнеж дека планирал убиства на американски допломати во Колумбија во името на џихадистичката група Исламска држава.
Судот во Богата на уапсениот Раул Гутиерез му одреди мерка притвор, без право да биде пуштен да се брани од слобода со кауција. Тој е обвинет за тероризам и заговор за терористички напад.
Гутиерез бил уапсен во градот Переира во западна Колумбија во заедничка акција на колумбиската полиција и американското Федерално истражно биро.
Кубанскиот џихадист бил уапсен врз основа на пресретнат допис во кој тој говори дека планира да активира рачноизработена експлозивна направа во ресторан во Богота, каде често престојуваат американски дипломати. Гутиерез при тоа и аплицирал за работа во ресторанот за работното место мијач на садови.
Во друг допис, Гутиерез тврди дека е подготвен да се саморазнесе „во името на Алах и ИД“.
Според колумбиските власти, Гутиерез за своите планови добивал инструкции од лица од Шпанија и Мароко.
Ново на Сител
-
Сенката на можна трговска војна се надвиснува над односите ЕУ-САД
-
Утре без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај
-
Магла утринава на неколку патни правци
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија
-
Туск со порака до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна
-
Студентите во Нови Сад велат дека ќе останат на улиците и на мостовите додека правдата не биде задоволена
-
Калабрија се расплака и ја потврди разделбата со Милан