Во Кочанско не е регистрирана појава на бруцелоза кај стоката

Во општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево започна акцијата за евидентирање и вакцинирање на подмладокот на стоката кај овците и козите од болеста бруцелоза. Засега соработката со сточарите од населените места на регионот се одвива мошне успешно, истакнуваат од Ветеринарната амбуланта „Вед мед“ од Кочани.
- Наши стручни екипи се на терен и забрзано ја вршат евиденцијата и вакцинацијата на овци и кози. Земаат крв за испитување за појавата на болеста бруцелоза кај добитокот. Со оваа акција во Кочанскиот регион е планирано да бидат вакцинирани и испитани околу 5.000 грла овци и кози. Засега акцијата се одвива усешно и не е забележана појава на оваа болест, изјави др. Ѓорѓе Атанасов, доктор по ветеринарна медицина.
Со ова всушност започна и годишниот попис на овци и кози за 2016 година за Кочанскиот регион, согласно Програмата за превенција кај стоката во земјава за испитување на крв кај стоката за утврдување на болеста бруцелоза која ќе трае континуирано до 2020 година.
Минатата година во Кочанско не е регистриран ниту еден случај на бруцелоза кај стоката.
Ново на Сител
-

Србија гласа на 15-тите парламентарни избори, излезноста до 9 часот изнесува 12 отсто
-

Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и испиша историја во UFC
-

Мелони: Правото на протест мора секогаш да биде загарантирано, како и безбедноста на граѓаните
-

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
