Проверете во домашни услови дали имате здраво срце

Едноставниот начин на тестирање во домашни услови може да ви помогне да го процените ризикот од срцеви болести.
Обем на половината
Големиот стомак е темпирана бомба. Жените со струг поголем од 88 см имаат за 79 проценти поголем ризик од смрт од повеќе предизвикувачи, како болестите од срце и рак, во споредба со дамите со обем на половината од 71 см или помал. Мажите можат да си дозволат 5 см повеќе.
Број на отчукување на срцето во состојба на мирување
Вашиот пулс е добар показател на состојбата на срцето. Правилото е јасно: понизок пулс е подобар! Наутро пред да станете од вашиот кревет, со показалецот најдете го пулсот на рачниот зглоб. Бројте го пулсот за 10 секунди, па помножете го тој број со 6. Доколку имате електронски мерач за притисок, можете да се послужите со него. Повеќе од 80 не е добро, додека од 60 до 80 е нормално.
Пулсот под 60 или над 80 може да укажува на дехидрација или медицински проблеми од типот на болестите на штитната жлезда или анемија.
Исклучоци се врвните спортисти. Еден маратонец има минимален пулс помеѓу 40 и 50 отчукувања во минута, а спортската медицина забележала и неколку екстремни случаи. Срцето на еден од најдобрите велосипедисти, Белгиецот Еди Мерск, во состојба на мирување имал само 25 отчукувања во минута.
Отчукувања на срцето после напор
Колку побрзо се враќа во нормална ситуација вашето срце после вежбање, толку е поздраво. Ако бројот на отчукувања не падне барем за 12 во рок од една минута после вежбање, имате поголем ризик за срцеви болести, па дури и смрт.
Вежбајте напорно пет минути, престанете и веднаш измерете го пулсот. Една минута подоцна, уште еднаш измерете го вашиот пулс. Доколку вашиот пулс се намалил за помалку од 12 отчукувања, тоа се лоши вести и време е да закажете преглед кај кардиолог.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
-

Нафтата денес на светските пазари достигна највисока цена во последните пет месеци
-

Денеска се одбележува Денот на ОН
-

Приведен српски државјанин, управувал возило со брзина од 166км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80км/ч
-

Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
