Во кочанската болница зголемен бројот на пациенти со скршеници
Зголемен број скршеници посебно кај постарите лица регистрира Општата болница Кочани. Од први јануари во ортопедската амбуланта се јавиле 30 лица со скршеници претежно на екстремитетите и колковите.
- Бројот на луѓе со скршеници за време на ниските температури и поледицата се искачи на 30 од први јануари до денеска 9 јануари. Од нив повеќето се со скршеници на рачниот и скочниот зглоб и на колено и колкови. Луѓето со скршеница на колкови се околу 60 до 70 годишна возраст. Поголем дел од пациентите ги згриживме, а оние со скршеница на колк се препратени во клиничка болница Штип, изјави д-р Љупчо Ѓорѓиев, хируршки ортопед.
Граѓаните да ги почитуваат препораките на лекарите, движењето да биде ограничено и планирано, а повозрасните да не излегуваат непотребно на ниските температури затоа што улиците се замрзнати, а ако се излегува задолжително да се носат зимски обувки за да нема падови, додаде д-р Ѓорѓиев.
Во итната медицинска помош во Кочани последните три дена е зголемен бројот на заболените од грип, но и на повреди на екстремитетите.
Ново на Сител
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички
-
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници