-->
-->
Во Кочани се асфалтираат улици, се гради паркинг простор во централното подрачје
-->
Градоначалникот на општина Кочани Ратко Димитровски на денешната прес-конференција информираше за активностите што ги превзема општината за асфалтирање на улици, изградба на паркинг простор во централното градско поодрачје и за реконструкција на собраќајницата на влезот на Кочани.
- Од планираните за асфалтирање десет улици со средства од Светска банка досега се асвалтирани три и тоа улицата „Јанка Стоименова“ во населбата Оризари и улиците „Македонска“ и „15 Македонски корпус“ во Кочани. Останатите седум улици ќе бидат реализирани во текот на овој месец, истакна Димитровски.
Што се однесува до реконструкцијата на патот од влезот на Кочани од Подлошки пат до хотелот „Национал“, како што рече градоначалникот на Кочани, таа е веќе започната, а ќе се асфалтира делница од 1.100 метри за што Јавното претпријатие за патишта има обезбедено средства од осум милиони денари. Работите на реконструкцијата на оваа делница, информира Димитровски, ги изведува „Македонија пат“.
Во однос на средувањето на паркин просторот кај Упрвата за јавни приходи во централното градско подрачје, овие активности се веќе завршени. Градот, подвлече Димитровски, доби нови 20 паркинг места на површина од 520 метри квадратни
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани