-->
-->
Во Кочани протестен марш „За заедничка Македонија“
-->
Граѓани на Кочани и поддржувачи на „За заедмничка Македонија“, 10-ти ден протестираат низ улиците на Кочани против редефинирањето на државата и воведувањето на албанскиот јазик за втор службен јазик.
- Македонија и Македонците имаат еден и единствен јазик, македонскиот кој не го даваме. Ќе се бориме за зачувување на унитарноста на државата и на македонскиот јазик за кој во минатото се бореше и нашиот Крсте Петков Мисрков, основоположникот на македонскиот јазик. Токму затоа вечерва одовде од Кочани им порачуваме на сите оние кои сакаат да го воведат албанскиот јазик за втор службен дека нема да успеат во тоа. Македонскиот јазик е светост за сите нас Македонците кои живееме во Македонија или сме рселени низ светот, порача Доне Донев, професор по литература и автор и изведувач на монодрамата за Крсте Петков Мисирков.
Мирниот протест на граѓаните на Кочани и вечерва се одвиваше по однапред утврдена маршрута од градскиот парк, низ улиците долж кочанската река, а заврши пред споменикот на Никола Карев во паркот на револуцијата.
Според организаторите, протестот „За заедничка Македонија“ ќе продолжи и утревечер, со најава за помасовно учество на граѓаните на Кочани и соседните општини Зрновци и Чешиново - Облешево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори