Во Кочани потпишан договор за нови „Форуми во заедницата“
Градоначалникот на општина Кочани Ратко Димитровски денеска го потпиша договорот со Швајцарската агенција за развој и соработка за програмата „Форуми во заедницата“ што ќе се реализира во Кочани од септември до февруари идната година.
Со оваа програма општина Кочани добива 825 илјади денари наменети за организирање форуми кои претставуваат поддршка на општините и вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво.
- Тоа значи вклучување на граѓанската заедница, како што имавме и досега. Вклучувањето на граѓаните во форумите ја означува комуникацијата со нив како и транспарентноста во работењето. Очекувам и на овој начин ги поканувам сите наши граѓани да се вклучат во форумите, за да можеме буџетот за 2017 година што потранспаретно да го донесеме, изјави градоначалникот Димитровски.
На форумите граѓаните учествуваат давајќи бројни предлози за приоритетните проекти, од кои потоа дел се реализираат. Во изминатите години Кочани реализираше неколку значајни проекти во сферата на инфраструктурата, водоснабдувањето и комуналното уредување.
Ново на Сител
-
ФТ: ЕУ се подготвува да ги погоди големите технолошки компании како одмазда за тарифите на Доналд Трамп
-
Мајк Џејмс стана првиот член на „клубот 5.000“ на Евролигата
-
УЕФА ја казни Рома и делумно го затвори стадионот Олимпико
-
Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродови лица да учествуваат во женски спортови
-
Панама негира дека ги прилагодува таксите за премин низ Каналот за американски бродови
-
Мицкоски и Перински на средба со новинари за теренските посети на општините „Каде срцето е дома“
-
Судски совет ќе формира комисија која треба да утврди дали имало пропуст во претходните судски постапки на обвинетиот Васил Јованов
-
Ведро и студено утро, преку ден сончево и ветровито