-->
-->
Во Кочани по трет пат Општинско корисна работа
-->

Општина Кочани трета година ќе го реализира проектот Општинско корисна работа, кој наиде на голем интерес кај невработените лица. Во присуство на градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски беа потпишани договорите со ангажираните пет лица кои ќе работат во рамките на прокетот, а ќе извршуваат обврски од социјалната заштита.
- Проектот Општинско корисна работа во нашата општина се спроведува трета година и во него досега беа вклучени 22 лица кои работеа на повеќе полиња и тоа од областа на социјалната и детската заштита, во народна кујна и помош на лица од ромска националност. Годинава во овој проект ќе бидат вклучени само пет лица, кои ги одбра комисијата за реализирање на прокетот, изјави Аника Илијеска Горгиева од Одделението за општествени дејности при Општина Кочани.
Проектот Општинско корисна работа е финансиран од УНДП, подржан од Министерството за финансии и општина Кочани и ќе се реализира со буџет од 186 илјади денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Бараме решение за превозниците
-

СДСМ објави нова „бомба“
-

Кочани пред капитален проект, старечки дом за 150 лица
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски најавува паметен зелен бран за да се намалат гужвите низ Скопје
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-

Интензивна на Пулмологија исполнета со пациенти кои имаат компликации од грип
-

Блокирани се сите гранични премини, паркирани над 75.000 камиони ширум цел регион
