Во Кочани отворен 11. Саем на книгата
Во Организација на Јавната општинска установа библиотека „Искра“ од Кочани денеска во просториите на Библиотеката е отворен 11. Саем на книгата кој традиционално се организира во рамките на месецот на книгата. На годинашната саемска манифестација излагаат 14 издавачки куќи од Македонија кои на кочанската читателска публика и нудат повеќе жанрови на литература од најновата продукција.
Саемот за отворен го означи Јордан Димитров, претседавач на Советот на општина Кочани кој ја истакна успешната соработка на општината со Кочанската библиотека и издавачките кучќи од Македонија не само по пповод месецот на книгата, туку и во други пригоди.
- На годинашниот саем се изложени за продажба по намалени цени и до 50 отсто 4.010 книги, односно 1.340 наслови од 14 издавачки куќи. Саемот ќе биде отворен до 12 ноември, истакна Мара Атанасова од Коачнската библиотека.
Во рамките на саемот на книгата денеска беше преставено и творештвото на авторот Ниче Димовски.
Ново на Сител
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен