-->
-->
Во Кочани одбележан Меѓународниот ден на слепите лица
-->
Во просториите на регионалното здружение на слепи лица во Кочани денеска со неколку активности беше одбележан 15 октомври, Меѓународниот ден на слепите лица.
- Одржавме средба со наши членови и ги презентиравме условите од Законот за вработување под заштитни услови, како и правата од социјалната заштита, за кои постои најголем интерес кај нашите членови. Одржавме и предавање за шекерната болест, како и презентација на звучни помагала за слепите лица, изјави Гордана Велкова, секретар на Здружението на слепи од Кочани.
За Столе Иванов кој 97 отсто е спеп се уште постои проблем при движењето на слепите лица во сообраќајот за што е потребна поголема сообраќајна култура од страна на возачите. Тој побара локалната самоуправа на општина Кочани да определи посебна улица во градот каде што ќе се движат слепите лица или пак да изгради т.н.тактилна патека за потребите на овие лица.
Во Здружението на слепи лица во Кочани членуваат 140 лица од источна Македонија, од општините Берово, Делчево, Виница и Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи