Во Кочани на продажба 15 парцели за изградба на нови објекти

Општина Кочани објави оглас за продажба на 15 локации со градежно неизградено земјиште наменето за изградба на објекти за индивидуално домување, викенд-куќи и индустриски објекти. Почетната цена е 61 денар за метар квадратен.
Со јавниот оглас се нудат за продажба шест парцели за нови куќи на различни локации во градот, претежно во локалитетот Калиманова глава и Прокарка, како и во зимско-рекреативниот центар „Пониква“. Исто така на продажба се и три локации за изградба на објекти од лесната и незагадувачка индустрија во месноста „Драчевиќ“.
Според утврдената динамика, рокот за пријавување на учесници на електронското јавно наддавање е до 23 јули, а лицитацијата ќе се одржи на 25 јули. Инвеститорите ќе имаат временски период од девет месеци за да ја обезбедат неопходната градежна дозвола од општина Кочани, чие издавање ќе следува по солемнизацијата на купопродажниот договор.
Ново на Сител
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
