Во Клиничката болница-Штип хоспитализирани 27 деца со симптоми на грип
Во детското одделение во штипската Клиничка болница хоспитализирани се 27 деца од источниот регион со симптоми на грип или вироза.
Началникот на детското одделение Марина Гацова информира дека епидемиолошки состојбата одговара на грип. За време на викендов амбулантски се прегледани околу 50 деца, а се згрижени 27 на одделението и покрај тоа што капацитетот е за 25 деца. Дополнително се стваат во функција кревети со цел да се згрижат децата.
- Децата кои се од Штип и од поблиската околина обично се водат амбулантски или се препраќаат кај матичните лекари бидејќи денеска е нивниот работен ден. Меѓутоа за време на викендов имавме поголем број деца во амбулантите. В сабота имаше околу 50 деца, а се примени 23 деца. Во моментов имаме 27 деца дел од нив чекаат за испишување, а некои од нив сега се примаат, рече Гацова.
Началникот на Итната медицинска помош Дејан Рунтев информира дека за време на викендов имале 500 прегледи, а над 80 отсто биле на деца.
Соња Николовска од Одделението за образование во општина Штип соопшти најголемо отсуство на ученици утринава поради грип или вироза има во Основното училиште „Ванчо Прке“. Во првата смена регистрирано е отсутво на над 100 деца, додека во останатите училишта нема регистрирано поголемо отсуство на ученици.
Директорите на детските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“ информираат дека утринава во градинките не се згрижени околу 200 деца. Поголемиот дел од родителите најавиле дека децата отсуствуваат поради грип или вироза.
Ново на Сител
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ
-
Млад кочанчанец врзан со селотејп на скопскиот плоштад праша „Толку ли брзо не заборавивте“
-
Васил призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна
-
Крвава вечер во Штип: Убиство во кафуле, обид за бегство низ наплатна рампа
-
Најголема воена парада досега во Москва
-
Јубилеј 80 години од победата над фашизмот
-
Новиот папа Лео 14-ти ја отслужи својата прва миса како водач на Католичката црква