Во Кисела Вода легализирани 3.962 градби

Во Општина Гази Баба денеска се доделени уште 50 решенија за легализација на бесправно изградени објекти, со што бројот на легализирани градби достигна 3.962.
Градоначалникот на Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ истакна дека уште 50-тина семејства од општината се стекнуваат со документ со кој стануваат реални сопственици на својот дивоизграден објект.
- За општина Кисела Вода, пак, ова значи чекор напред во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа. Претставува можност за изготвување нови детални урбанистички планови, од што повторно бенефит имаат жителите на општината и бизнис заедницата, бидејќи со нив им даваме шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките, рече Беличанец-Алексиќ.
Апелира до 3.210 подносители на барања за легализација кои се уште немаат доставено геодетски елаборат до административните служби, да ја докомплетираат документацијата и на тој начин да овозможат продлжување на процесот на легализација.
-Заокружувањето на процесот на легализација ќе биде заеднички успех. Само на тој начин ќе придонесеме за успешен развој на нашата општина, рече градоначалничката на Кисела Вода.
Ново на Сител
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
