Во кичевските училишта поставени вреќи за собирање пластичен отпад
![]()
Во рамките на проектот „Иновативни локални алатки и пилот тестирање за селектирање, собирање и рециклирање на ПЕТ пластичен отпад од домаќинствата во Кичево“, кој го спроведува Центарот за развој на заедницата, денеска во кичевските училишта се поставија „Џамбо вреќи“ и постери со правила.
Здружението Центар за развој на заедницата, Кичево во соработка со три основни - Санде Штерјоски, Кузман Јосифоски - Питу и Д-р Владимир Полежиноски и две средни училишта - Мирко Милески и Дрита од Кичево и откупна фирма Евроконтакти од Прилеп, во следните 16 месеци, започнувајќи од јануари 2017 година до 30 април 2018 година во Кичево започна да го спроведува проектот „Иновативни локални алатки и пилот тестирање за селектирање, собирање и рециклирање на ПЕТ пластичен отпад од домаќинствата во Кичево“.
Проектот е со вкупен буџет од 46.637 американски долари, од кои 24.538 американски долари се обезбедени од страна на Глобалниот еколошки фонд програма за мали грантови Македонија, додека остатокот е обезбеден со учество на Здружението Центар за развој на заедницата Кичево, петте училишта и откупната фирма Евроконтакти од Прилеп.
Четворицата едукатори веќе работат со учениците од основните и средните училишта во делот на едукација на самите ученици за целокупниот процес и на собирање, селекција и рециклирање на самата пластика. Во рамки на проектот на повеќе собирни пунктови во кичевските училишта денес беа поставени „Џамбо вреќи„ и постери со правила, истакна Елизабета Ристеска, проектен координатор.
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
