-->
-->
Во кичевската гимназија „Дрита“ денеска отсутни голем дел од учениците
-->

Во гимназијата „Дрита“ во Кичево денеска голем дел од учениците кои доаѓаат од руралните средини не беа на настава поради проблем со нивниот транспорт.
Од Општина Кичево од секторот за јавна комуникација информираат дека проблемот со транспортот на учениците од утре ќе биде надминат односно се додека трае тендерската постапка за избор на претпријатие за транспорт на учениците за оваа учебна година, општината со сопствени транспортни возила ќе ги носи учениците на настава.
Инаку, директорот на гиманзијата Неби Билали изрази дека овој проблем со транспортот на учениците ќе биде решен во најбрз можен рок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
