Македонија
17. January 2019 - 13:51

Во Кичево се чистат тротоарите од снегот

 По големите снежни врнежи што го зафатија кичевскиот регион сите улици се исчистени. Единствено проблем преставува чистењето на тротоарите, бидеќи голем дел на дуќани не се одзваа на апелот од општината за да го чистат просторот пред нивните локали.
 
-Тргнуваќи од фактот што апелот не „допре” до сите сопственици на дуќани низ градот, ние како општина преку ЈП „Комуналец” денеска решивме наместо да казнуваме да ги исчистиме тротоарите низ градот за полесно граѓаните да се движат низ градските улици.И не само денеска, туку и во наредните денови ќе продолжеме со чистењето на тротоарите низ централното градско подрачје, изјави Емин Насуфи од општина Кичево.