Во Кичево Саем за здрава органска храна
Дваесет и пет фирми од Кукуш, Грција и 15 фирми од Струмица од разни индустриски области се претставуваат на Саемот за здрава органска храна што денеска беше отворен во Кичево. Саемот е дел од проектот финансиран од ИПА фондовите на ЕУ за меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција. Со проектот се опфатени општините Кичево и Струмица од Македонија и Кукуш од Грција.
Координаторот на проектот Влора Бектеши истакна дека главна цел е да се создадат поволни услови за соработка, вмрежување и економски развој на прекуграничниот регион Струмица-Кичево-Кукуш-
- Со проектот се надеваме дека ќе се создадат можности за зголемена соработка помеѓу претпријатијата од овај регион. Исто така, ќе се промовираат и извозно ориентираните претпријатија од Струмица, Кичево, Кукуш и Поликастро на странските пазари. Очекуваме да се зголемат домашните и странските инвестиции во прекуграничниот регион преку креирање и промоција на бизнис можностите и инвестициските поволности на Струмица и Кичево, рече Бектеши.
На денешното отворање на саемот беше присутен и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари, кој изрази благодарност за соработката што ја имаат општините Струмица и Кукуш со општина Кичево.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден