Во Кичево поднесени 575 барања за субвенции во земјоделството
До денеска во Кичевско се поднесени 575 апликации за субвенции во земјоделството, но оваа бројка не е конечна бидеќи рокот за аплицирање е пролонгиран до 30 јуни, велат од Подрачната единица на ресорното Министерство.
-До 30 јуни земјоделците ќе можат да ги поднесуваат барањата за финансиска поддршка на површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади, како и за сточарско производство (одгледување говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица). Барањата за добивање финансиската поддршка се поднесуваат електронски, самостојно од страна на барателите. Оние кои не знаат како тоа да го сторат или имаат потреба од помош при креирање на електронското барање, може да се обратат кај нас, вели раководителот на Подрачната единица, Снежана Софрониевска.
Ново на Сител
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти
-
Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век
-
Отворен ски-центарот „Михајлово“ на Кожуф