Во Кичево одбележан патронатот на касарната „Чеде Филипоски-Даме“

Припадниците на 4. механизиран пешадиски баталјон денеска во Кичево го одбележаа денот на загинувањето на народниот херој Чеде Филипоски Даме, 29 јуни, чие име го носи касарната во Кичево.
На одбележувањето присуствуваа и командантот на 1. механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Драган Ковачки, командантите на единиците од составот на 1.единица мпбр, претставници на единици на локалната самоуправа во зоната на одговорност на единицата, претставници на Сојузот на борците од Кичево, Охрид и Струга, како и правни и физички лица со кои единицата има соработка.
Присутните на одбележувањето ги поздрави командантот на 4. механизиран пешадиски баталјон, потполковник Горан Трајаноски кој истакна дека се горди што ги продолжуваат светлите традиции на нашето историско минато.
– Во својот краток живот народниот херој Чеде Филипоски Даме имаше бурен животен пат и успешна воено-политичка кариера. Од ѕидарски работник во младите години и член на партиската ќелија од 1941 година, стана командант на дивизија, а потоа и член на АСНОМ, највисоко претставничко тело во тогашна Македонија. Срцето на големиот син, патриот, борец и херој на Македонија, престана да чука на 29 јуни 1945 година, рече Трајаноски.
Тој додаде дека овој ден ќе остане врежан во меморијата на сите и ова, како што рече, е „ден на загуба и црн ден за нашата татковина, за македонското битие“.
– Чеде загина, но остана да живее вечно во партизанските песни и легенди, во бронзата што молчи, во книгите и учебниците. Тој живее во нашите мисли и се уште постои како жива присутност меѓу сите нас, истакна меѓудругото командантот Трајаноски.
На денешната свеченост беа положени свежи цвеќиња пред споменикот на „Чеде Филипоски Даме“, а имаше и богата културно-уметничка програма во изведба на КУД „Бисер“ од Кичево.
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
