Во Кичево девет лица се здобиле со скршеници

Во текот на вчерашниот ден девет лица се здобиле со скршеници по пад на мраз, а седум биле со згмечувања и дисторзии, информираат од Одделението за ортопедија во Општата болница во Кичево.
На лицата со скршеници, лекарите им ставиле гипс и ги пуштиле на болничко лекување.
- Меѓу пациентите се лица од сите возрасти, има млади и повозрасни. Со таа разлика што младите најчесто кршат раце и зглобови, а кај повозрасните страдаат колковите. Имавме и скршеници на нозе и набиеници, соопштија од Одделението за ортопедија во Општата болница во Кичево.
Лекарите ги советуваат граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат од дома, особено повозрасните лица. Доколку мора да излезат, внимателно да се движат по лизгавиот терен, а рацете да не ги држаат во џебот.
Кичевските ортопеди апелираат до граѓаните доколку некој се повреди на мразот да не оди кај надри лекари, туку веднаш да побараат помош во ортопедското одделение.
Ново на Сител
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Савески: Предметот „Мазут“ е во фаза на одлучување
-

Обвинителството со докази за инспекциски надзори, според одбраната тие се нерелевантни за пожарот
-

Не работеле во Институтот за јавно здравје ама си точеле бензин со картичка од ИЈЗ
