Во Кавадаречко 125 пожари за шест месеци
Вкупно 125 пожари за шест месеци се регистрирани во Кавадаречко, информира Илчо Богевски, командир на кавадаречката Територијална противпожарна единица, надлежна за подрачјето на општините Кавадарци и Неготино.
- Евидентирани се 40 пожари на отворен простор или шуми, како и 75 во затворен простор. Имавме и десет интервенции. Во осум случаи стануваше збор за носење вода, а во два случаја за помош при сообраќајки, соопшти Богевски.
Денеска Одделението за превенција при Полициската станица од општа надлежност од Кавадарци, реализираше превентивна акција, под мотото „Да ги заштитиме шумите од пожари“. Акцијата се реализираше на патниот правец Кавадарци-Мушов Гроб, кој води кон шумските предели на планината Кожуф, во чие подножје се сместени десетина тиквешки села.
- Делиме флаери со едукативна содржина за возачи и граѓани кои се упатуваат кон шумските појаси, се со цел превентивно да влијаеме врз подигнувањето на противпожарната свест кај населението, изјави Димитар Каракулев, инспектор за превенција.
Ново на Сител
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор