-->
-->
Во Кавадарци во наредните четири дена запрашување против комарци
-->
Од утре и во наредните три дена ќе се изврши запрашување против комарци во Кавадарци.
Како што информираат денеска од Службата за односи со јавноста при кавадаречката општина, запрашувањето е во согласност со годишната програма за дезинсекција.
- Запрашувањето што ќе се изврши од земја во раните утрински часови и тоа на целата територија на општината, ќе го спроведе Центарот за јавно здравје Велес, соопштуваат од Службата за информирање при локалната самоуправа.
Притоа тие ги повикаа сопствениците на пчели, да преземат мерки на заштита на пчелните семејства, за да не дојде до несакани последици.
Доколку во деновите предвидени за запрашување против комарци има врнежи од дожд, тогаш заштитата ќе се спроведе во првиот сончев ден после врнежите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред