Во Кавадарци склучени договори за 23,5 илјади кубни метри дрва за огрев

Во подружницата на „Македонски шуми“ од Кавадарци годинава се склучени договори за купопродажба на огревно дрво од 23 илјади и петстотини кубни метри. Директорот на „Македонски шуми“ од Кавадарци, Слободан Климоски информира дека околу 60 проценти од дрвната маса која е договорена со склучените договори е веќе испорачана.
- Оптимист сум дека до 15 октомври кога започнува грејната сезона целата договорена количина на дрва за огрев ќе биде испорачана. Секој што склучил договор со нас, сака веднаш да ги добие дрвата, но факт е дека сите договорени количини не може да се достават наеднаш. Затоа ги замолувам за трпение и разбирање сите оние кои обезбедуваат дрва за огрев преку подружницата, затоа што сите во целост ќе ги добијат потребните количини до стартот на сезоната за греење, рече Климоски.
Тој додаде дека потребите од дрва за огрев во Кавадарци заедно со Росоман се околу 35 илјади кубни метри.
- Се јавува недостиг од единаесетина илјади кубни метри затоа што ние обезбедуваме и техничка дрвна маса. Затоа пак ние се заложивме да носиме дрвна маса за огрев и од други подружници. Во наредниот период покрај планираното, имаме намера најмалку околу 3 илјади кубни метри да обезбедиме на таков начин. Се ќе зависи од тоа колку другите подружници ќе имаат вишок дрва за огрев, додаде Климоски.
Оваа година во споредба со претходните години, рече, ќе се опфати поголем број на население кое ќе има можност да обезбеди дрва за огрев преку подружницата „Бор“ од Кавадарци, по редовна цена за просторен метар од 2.470 денари за даб и 2.350 за бука.
- Во понатамошниот период ќе има можност дополнително да се изврши уплата за сеченица или таканаречена втора класа на дрва. Тоа ќе биде тогаш кога ќе утврдиме дека претходно договорените количини се испорачани. Тука се и дозволите за таканаречена селска сеча, или обезбедување на населението со огревно дрво преку реализација на сопствена сеча во државна шума, со претходно обезбедена соодветна документација, информираше директорот.
На ниво на подружница, годишниот план за реализација е околу 43 илјади кубни метри. Од тоа, околу половина е техничка дрвна маса, а другата половина за огрев.
Ново на Сител
-

Граѓани вечерва упаднаа во зградата на телевизија „Информер“ во Белград и ја прекинаа програмата
-

Премиерот Мицкоски телефонски со Срдановиќ: „Верувам дека добрите меѓудржавни односи ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете држави“
-

Политико: На Франција и се заканува должничка криза, социјални немири и политичка неизвесност
-

Европскиот печат за изборите во Србија: Победата на студентите е шлаканица за Путин, но и за европските лидери
-

Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за стабилизирање на добрососедските односи
-

Во Франција запленети 68 килограми кокаин по оперативни информации од македонската полиција
-

МЗ: Континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија, се проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Косово
