Во Кавадарци се спроведува акција за предупредување на возачите на технички неисправни трактори
Кавадаречката полиција деновиве спроведува акција за предупредување пред изрекување на санкции за неисправни трактори пуштени во сообраќај, информираше за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Тој наведе дека се делува превентивно во екот на гроздоберот, кога има зголемено присуство на трактори по патиштата, во Тиквешко како најголем лозаровинарски регион во Македонија.
- Сите возачи кои се движат со своите технички неисправни трактори или товарни возила, се повикуваат на поука. Таму се подучуваат дека техничката исправност е задолжителна, поради безбедност на сите учесници во сообраќајот. Особено е важна светлосната сигнализација, зашто неретко ноќе на пат може да се сретне трактор без исправни светлосни уреди, нагласува Додевски.
Тој додаде дека целта на акцијата е да нема сообраќајки предизвикани поради неисправни трактори за време на гроздоберот. Доколку ваквите мерки не вродат со плод, следуваат репресивните мерки.
Ново на Сител
-
ЛДП: Рисот како консензуално решение за новиот државен грб
-
Хрватска ќе уништи пратка со сок од јаболко од Србија поради присуство на токсини
-
Членови на анархистичката група Рувиконас фрлија летоци пред домот на новоизбраниот грчки претседател поради железничката несреќа
-
Њујорк тајмс: Стејт департментот планира да купи Сајбертрак блиндирани возила на Tесла за 400 милиони долари
-
Kaj 22-годишна девојка пронајдени три кеси марихуана | ВИДЕО
-
Трамп најави средба со Путин во Саудиска Арабија
-
За 15 дена регистрирани над 15.300 земјотреси меѓу островите Санторини и Аморгос
-
Одлуката за ограничување на маржите на седница на Влада, се очекува да опфати над 100 групи производи