Во Кавадарци одбележани 72 години од загинувањето на Киро Крстев и Димче Мирчев
Во Кавадарци денеска беа одбележани 72 години од загинувањето на народните херои Киро Крстев Атанасов-Страшо од Кавадарци и Димче Мирчев од Велес.
Пред споменикот подигнат во нивна чест, беше положено свежо цвеќе, а историски час одржа Марија Михова, историчар во кавадаречкиот музеј.
- Токму по тој повод денеска се собравме пред овој споменик за да го одбележиме со достојна почит овој светол ден од нашето блиско минато, потсетувајќи се притоа на херојското дело и светлиот чин на двајцата млади борци. Како искусни борци и партиски раководители добија задача во Кавадарци да подготват нови младинци и симпатизери на Народноослободителното движење за излегување во партизанските единици, рече Михова.
Таа потсети дека пред 72 години во куќата на Иге Златев биле одржани неколку состаноци, средби и договори, бидејќи се подготвувало заминување на поголема група младинци во партизани.
- Во екот на тие подготовки, пред се поради големата желба и ентузијазам, попушта будноста кај младите борци. Бугарскиот фашистички окупатор успева да ја открие куќата каде престојувале Киро и Димче и за кратко време формира три обрачи од полиција,војска и контрачетници и ја блокира куќата, посочи Михова.
Попладнето Киро и Димче биле известени од месното раководство дека куќата е откриена,предупредувајќи ги да бидат внимателни и што побргу да ја напуштат.
- Но искусните и храбри борци ова предупредување го примиле сосема мирно и наместо да ја напуштат куќата, тие започнале да го припремаат своето оружје со намера во вечерните часови по првиот мрак да ја напуштат и преку паркот да го напуштат градот, додаде таа.
Во нерамната борба која започнала пред мракот и траела до раните утрински часови, учествувале близу 600 непријателски војници наспроти двајцата млади, но решителни и смели борци. Ноќта била единствената шанса на младите партизани да се пробијат низ непријателскиот обрач.
- Киро и Димче увидуваат дека не ќе можат долго да издржат па затоа и по цена на своите животи се одлучуваат да се пробијат низ непријателскиот обрач.Околу полноќ при обид да се пробие во дворот на куќата кај големата двокрилна порта, прв загинува Димче Мирчев. Киро свесен за положбата во која се наоѓа и понатаму продолжувал да дава силен отпор, чекајќи погодна шанса да се пробие низ непријателскиот обрач. Во раните утрински часови го минал нискиот ѕид и кога се чинело дека е на дофат на слободата, паднал смртно погоден од непријателскиот митралез, рече Михова.
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци