Во Кавадарци одбележани 152 години од раѓањето на Гоце Делчев

Во Кавадарци денеска беа одбележани 152 години од раѓањето на Гоце Делчев. Бројни делегации положија цвеќе пред бистата во дворот на основното општинско училиште што го носи неговото име, а ученици испеаја песна во чест на револуционерот.
- На 4 мај 1903 година, во нерамна борба со турската војска и полиција загина апостолот на македонското револуционерно народноослободително движење. Еден од најзначајните личности од поновата историја на македонскиот народ. Гоце беше роден во Кукуш на 4 февруари 1872 година. По професија бил учител. Делчев е значаен и за развојот на револуционерното движење во Тиквешијата, на два пати престојува во овој крај. Во септември 1901 година, значително ја консолидира работата на револуционерната организација во целиот Тиквешки револуционерен реон и по втор пат доаѓа во октомври 1902 година. Гоце Делчев бил човек кој велел - ,,Мојата мајка е земјата македонска. Род и роднина ми е зговорна дружина. Жената ми е пушката малихерка, а децата ми се дробните фишеци", потсетија од Музеј галеријата во Кавадарци.
Ново на Сител
-

Заврши втората сесија од Стратешкиот дијалог со САД
-

Опозициски прашања во Парламентот - во фокусот мерките за справување со кризата
-

Ацо Ристов изгласан за претседател на Регулаторна
-

Истражување на ИППСИ: Македонија се соочува со сериозен пад на писменоста - учениците читаат, но не разбираат
-

ДЗР: Населението во Македонија енормно старее, има повеќе пензионери од работници
-

Тркалезна маса на тема: Подготвеноста на институциите за одговор на СММИ
-

Аудио снимки од повици за помош на починатата Ивана и од сведоци на тепањето, пуштени денеска во судница
-

Со снимки од пријавите за семејно насилство продолжува судењето против Стојанче Јовановски
