Во Кавадарци одбележан Европскиот ден на борба против трговијата со луѓе
„Спречување на трговијата со луѓе” беше насловена трибина што денеска се одржа во Кавадарци посветена на борбата против трговијата со луѓе, во организација на Општинската организација на Црвениот крст и полициската станица од општа надлежност од овој град.
- Целна група ни беа ученици од осмо и деветто одделение од сите основни училишта. Младите ја проследија презентацијата на оваа тема. Имаа можност да видат и одредени видео клипови за нивни врсници кои во различни делови од светот, паднале во рацете на трговците со луѓе, рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција.
Каракулев нагласувајќи оти трговијата со луѓе е еден од најголемите видови организиран криминал во светот, информира дека во светски рамки, на годишно ниво, некаде околу 2.5 милиони луѓе се жртви на ваква трговија, а околу половина од нив се деца.
- Токму затоа и наша целна група беа овие деца. Тие се запознаа со поимот трговија со луѓе, кои се причините поради кои децата можат да се најдат во канџите на трговците со луѓе и како превентивно да се влијае за да се заштитат од нив, додаде инспекторот.
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот