Во Кавадарци Изложба „Сто години од Македонскиот фронт”
„Сто години од Македонскиот фронт” е насловена изложбата која денеска беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци, што беше реализирана во соработка со Советот на општината, Асоцијацијата на наставници по историја во државата и гимназијата „Добри Даскалов”.
-Оваа изложба остава силен впечаток кај посетителите, опишувајќи го периодот на Првата светска војна. На десет паноа се прикажани бројни сведоштва за фронтот. Акцентот е ставен на секојдневниот живот на луѓето, особено на цивилното население кое било зафатено од виорот на војната, рече директорката Музеј галеријата Весна Ѓорѓиева.
Изложбата е изработена од Асоцијацијата на наставници по историја АНИМ, со финансиска поддршка на Министерството за култура и целта е потсетување на воените дејствија, кои се случувале пред околу 100 години.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости