Во карбинскиот регион изгоре викендица

Во пожар попладнево изгоре викендица во атарот на селото Карбинци. Штипските пожарникари по дојавата од граѓанин веднаш реагирале и на терен излегле со две возила и пет пожарникари.Но, кога пристигнале огнените јазици веќе целосно ја зафатиле викендицата. Во гаснењето на пожарот се вклучиле и граѓани, па едно лице се здобило и со изгореници, за што е повикана и Итната медицинска помош, по што е пренесен во штипската Клиничка болница.
Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека станува збор за маж на возраст од над 50 години, на кого му се констатирани изгореници од втор и трет степен на главата. Лицето е сместено на Одделението за хирургија и е во стабилна состојба.
Надлежните од Територијалната противпожарна единица велат дека причините за пожарот треба да ги утврди крим техника, којашто излегла на увид. Во штипско-карбинскиот регион изминатите денови во пожар изгореа четири куќи и една викендица.
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
