Во карантин во хотелот „Монтенегро“ 74 лица вратени од странство

Вкупно 74 македонски граѓани кои се вратиле од Белгија, Франција, Австрија и Германија се сместени во 14-дневен државен карантин во хотелот „Монтенегро“ кај Велес, додека во други два капацитета, хотелот „Уни Палас“ во Кавадарци и Детското одмаралиште во Михајлово се сместени 28 лица од повеќе градови низ земјава, велат од СВР Велес.
Како што информира за МИА интернистот д-р Ристи Катранџиев од ЈЗУ Општа болница – Велес, сите лица се прегледани, а нивната здравствена состојба е добра и се следи. Ако им затреба, секогаш им е на располагање екипа составена од лекари и медицински лица од ЈЗУ Општа болница и ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Ова е втора група граѓани во карантин по првата од 70 лица кои беа сместени во хотелот „Монтенегро“ и кои изминатиот викенд си заминаа зашто се во добра здравствена состојба.
На подрачјето на СВР Велес има 83 лица во домашна самоизолација кои се под контрола на полицијата. Од нив 41 лице е во Велес, 31 во Кавадарци и 11 во Неготино.
Изминатото деноноќие само три лица, сите од Велес, го прекршиле полицискиот час. Во Кавадарци и Неготино немало прекршители.
Ново на Сител
-

Пациентите со дијабетес алармираат за недостиг од терапија и сензори
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Велигденски поскапувања
-

Цените на нафтата повторно растат, Иран обвини дека договорот за примирје не се почитува
-

Израелските напади на Либан го загрозуваат примирјето меѓу САД и Иран
-

Инспекција не стигнала до „Пулс“ пред трагедијата, објектот бил затворен, новата фирма без надзор
-

Токсиколошките анализи се направени и ќе бидат презентирани во судска постапка
-

Одложена јавната расправа во скопска Aпелација по жалбата на осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
