Во Калифорнија повторно публика во театрите и натпреварите во НБА
Американската сојузна држава Калифорнија поради поповолна епидемиолошка состојба, по повеќе од една година ги олесни мерките против ковид-19 и им дозволи на жителите да присуствуваат на концерти во затворени простори, театарски претстави и натпревари во НБА лигата.
Властите нема да бараат тестови или доказ за вакцинација за некои од овие настани, но бројот на луѓе што ќе можат да присуствуваат е ограничен.
За настаните за кои ќе се бара исполнување на овие услови, ќе биде овозможено помасовно присуство, а и во двата случаи публиката ќе може да биде само од жители на Калифорнија, јавија светските агенции.
Правилата се разликуваат за приватни собири во затворени простории, кои вклучуваат свадби, состаноци или конференции, и тоа е дозволено само ако сите гости имаат негативен тест за коронавирусот не постар од 72 часа, или ќе приложат доказ за вакцинација.
Според аналитичарите, овие нови правила водат кон тоа Калифорнија да воведе систем на таканаречени „вакцинални пасоши“ што е прашање за кои се води полемика во целата земја.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување