Во Јужна Африка поради сушата загрозени 45 милиони луѓе

Вкупно 45 милиони луѓе од јужниот дел на Африка во следните шест месеци ќе се соочат со недостиг на храна поради тоа што регионот е погоден од најтешката суша во последните 35 години, соопшти Светската програма за храна.
– Досега повеќе од 11 милиони луѓе се во многу тешка ситуација на прехранбена несигурност во девет земји – Ангола, Свазиленд, Лесото, Мадагаскар, Малави, Намибија, Мозамбик, Замбија и Зимбабве. Се очекува влошување на ситуација во следните шест месеци и рекордни 45 милиони луѓе ќе имаат потреба од хуманитарна помош во целиот тој регион, се наведува во агенцијата на Обединети нации.
Според Светската програма за храна во Јужна Африка во текот на последните пет години, само во една година имало нормални дождови.
– Се соочуваме со најлошата суша во последните 35 години во централните и западните области на Јужна Африка, наведе директорката на Програмата, Маргарет Малу.
Кризата со недостиг на храна е влошена и поради невработеноста, голема загуба на стока и пораст на цените на прехранбените производи.
– Задоцнетите дождови по долгите периоди на суша, двата големи циклони и економски предизвици се покажаа катастрофални за прехранбената безбедност во Јужна Африка, изјави Ален Онибон од Организацијата на ОН за храна и земјоделство.
Јужниот дел од Африка, а пред се Мозамбик годинава беше погоден од два циклони при што настрадаа стотици илјади луѓе.
– Температурите на воздухот во Јужна Африка растат двапати побрзо од просекот на Земјата поради што во следните години Малави, Мозамбик, Демократска Република Конго, Танзанија, Замбија и Зимбабве ќе бидат најтешко погодени поради климатската криза, предупреди Светската програма за храна.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници
-

Шест месеци до година за законско прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи, објасни министерот
-

Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна
-

Илјадници пациенти плаќале за операции на очи кои веќе ги покрил Фондот: Осум лица приведени
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
-

Битолчанец излегол од затвор на отсуство, па повторно бил уапсен пошто поседувал различни видови дрога
-

Малолетничка пријавила дека била допирана по телото од ученик во основно училиште во Скопје
-

Кривична за маж кој 8 месеци силувал дете помало од 15 години
