Во Јапонија ставен во употреба третиот нуклеарен реактор
Нуклеарниот реактор на островот Шикоку, чија работа беше запрена пред повеќе од пет години, повторно е ставен во употреба, и само третиот е во Јапонија кој во моментов работи.
- Реакторот во Икати е ставен во функција во девет часот по локално време, информира компанијата Шикоки Електрик Пауер.
Реакторот би требало да почне да произведува и пренесува електрична енергија во понеделник, појасни компанијата, додавајќи дека комерцијалното искористување на електрична енергија од тој реактор ќе почне во септември, по завршувањето на контролата, пренесува Хина.
Во меѓувреме, на оваа одлука реагираат организациите за заштита на животната средина.
- Упатуваме силен протест до операторот затоа што го покрена реакторот и покрај противењето на локалното население, се наведува во сооппштение на групата за заштита на околината Френдс оф Ерт Џапен (Friends of the Earth Japan).
Еколошките групи во Јапонија генерално се противат на повторното стартување на нуклеарните реактори и тврдат дека лекциите од катастрофата во Фокушима по земјотресот и цунамито во март 2011 година не се извлечени.
Реакторот во Икати беше запрен на крајот на април 2011 година поради рутинско одржување, но досега не можеше да почне повторно со работа поради новите, построги, стандарди кои стапија во сила во однос на отпорност на природните катастрофи, авионските несреќи или атентати.
Сите реактори во Јапонија се наоѓаат покрај брегот на морето.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата