Во јануари издадени 189 одобренија за градење
- Во јануари годинава се издадени 189 одобренија за градење, што е за 48,6 проценти помалку во однос на јануари лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.412.194.000 денари, што е за 54,1 процент помалку во однос на јануари минатата година.
Како што укажуваат од ДЗС, намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за градење експресен пат во Источниот регион.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 132 (69,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 20 (10,6 проценти) за нискоградба, а 37 (19,6 проценти) за објекти за реконструкција.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 233 станови, со вкупна корисна површина од 24.943 метри квадратни.
Кај 140 објекти (74,1 процент) инвеститори се физички лица, а на 49 (25,9 проценти) деловни субјекти
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Коцевски
-
На пазарот фалат над 10.000 работници, ССМ апелирира за зголемување на платите
-
Тутунарите не го предаваат тутунот
-
Годинава регистрирани 51 случај со ХИВ/СИДА – Невладините бараат поголем буџет за превенција и терапија
-
Раритетен археолошки наод - Ѕидана гробница од крајот на вториот век
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите