Македонија
20. May 2021 - 10:04

Во изминатата недела подигнати 160 непрописно паркирани возила на територија на Град Скопје

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 160 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 17 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 143 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, соопшти денеска Град Скопје.

Од таму воедно информираат дека контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 202 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 17 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

-Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, се наведува во соопштението.