-->
-->
Во Италија забележан најмал број на смртни случаи од 2 март
-->
Италија денеска пријави 26 смртни случаи, што е најмала бројка на починати лица од последици на новиот коронавирус од 2 март.
Италијанската Агенција за цивилна заштита сооптши дека тоа претставува пад на смртните случаи и во споредба со вчера, кога беа регистрирани 44 жртви.
Италија денеска забележа и мал пад на бројот на заразени лица – 303, во споредба со вчера кога беа регистрирани 338 новозаболени.
Италија со вкупно 34.371 починати лица е на четврто место по бројот на смртни случаи по САД, Велика Британија и Бразил. Додека со вкупно 237.290 инфицирани лица со Ковид-19 е на седмо место во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори