Свет
15. јуни 2020 - 20:03

Во Италија забележан најмал број на смртни случаи од 2 март

Италија денеска пријави 26 смртни случаи, што е најмала бројка на починати лица од последици на новиот коронавирус од 2 март.

Италијанската Агенција за цивилна заштита сооптши дека тоа претставува пад на смртните случаи и во споредба со вчера, кога беа регистрирани 44 жртви.

Италија денеска забележа и мал пад на бројот на заразени лица – 303, во споредба со вчера кога беа регистрирани 338 новозаболени.

Италија со вкупно 34.371 починати лица  е на четврто место по бројот на смртни случаи по САД, Велика Британија и Бразил. Додека со вкупно 237.290 инфицирани лица со Ковид-19 е на седмо место во светот.