Свет
10. July 2015 - 10:04

Во Италија спасени над 800 имигранти

Италијанските граничари соопштија дека изминатата ноќ се спасени 823 имигранти во осум различни операции, додека од морето се извадени 12 безживотни тела. 

Над 70.000 имигранти пристигнаа на италијанскиот брег од почетокот на годината, што е рекорд во однос на претходната година, кога се регистрирани 64.000 мигранти во првите шест месеци.

Берлин и Париз вчера во Луксембург се обврзаа дека ќе земат третина од 60.000 имигранти кои ЕУ планира да ги прифати за да и помогне на Италија и на Грција, кои се под многу силен миграциски притисок.