Бизнис
9. October 2016 - 10:14

Во Истанбул се отвора 23. енергетски форум

„Да прифатиме нови хоризонти“ е мотото на 23. меѓународен форум за енергетика, кој почнува денеска во Истанбул и ќе трае до 13 октомври. 

Истанбул, како домаќин на форумот во исто време е и мост, кој ги поврзува енергетските траси меѓу истокот и западот. Во дискусиите и решенијата на форумот се очекува да биде застапена енергетската соработка меѓу истокот и западот.

Над десет илјади учесници се регистрирани на форумот, а меѓу нив претседателот на ОПЕК Мохамед Баркиндо, министри, експерти од енергетскиот сектор, компании, медиуми, граѓански организации.

Европската унија ќе биде претставена од заменик-претседателот на Европската комисија, Марош Шефчович.

Форумот е предвидено да го посети и рускиот претседател Владимир Путин, кој треба да им се обрати на учесниците. Путин е планирано утре да пристигне во Истанбул.