Свет
26. јуни 2021 - 14:47

Во Иран помилувани над 5000 затвореници

Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи помилува над 5.000 затвореници за да го одбележи шиитскиот верски празник, се вели во соопштението на неговата официјална веб-страница.
 
Во соопштението не се наведени детали за идентитетот на 5.156 затвореници кои биле помилувани или им биле намалени казните.
 
Помилувањето е дадено по повод годишнината од раѓањето на имамот Реза, една од најпочитуваните личности во шиитскиот ислам. Годишнината од неговото раѓање е една од неколкуте верски празници кога врховниот лидер помилува затвореници секоја година.